Казнети 29 возачи за пребрзо возење во Куманово
30.08.2023 10:55
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера спроведоа контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

„Притоа, на подрачјето на Куманово биле санкционирани 29 возачи, од кои 25 во населено место и 4 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти СВР Куманово.