Мени

Казнети 43 мотоциклисти во Куманово, одземени три мотоцикли

15.06.2026 10:38 | KumanovoNews

Во сообраќајна контрола на подрачјето на Куманово биле санкционирани 43 учесници во сообраќајот, а одземени се три мотоцикли и едно патничко моторно возило.

 

Казнети 43 мотоциклисти во Куманово, одземени три мотоцикли

Контролата била спроведена во саботата на 13 јуни, од 17 до 23 часот, кон возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Според МВР, најголем дел од прекршоците се однесувале на возење без заштитна кацига, при што биле изречени 28 санкции. Дополнително, евидентирани се две мерки за управување мотоцикл без соодветна категорија, по една за истечена важност на сообраќајна дозвола, истечена полиса за осигурување и неистакната регистарска таблица, како и две мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. Изречени се и четири санкции за останати сообраќајни прекршоци.

За време на контролата биле откриени и четири кривични дела, а меѓу сторителите имало и двајца малолетници. Лицата ањ приведени поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.