×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетена e оградата на црквата „Свети Никола“ во Куманово

    05.05.2025 11:13 | KumanovoNews

    Еден од столбовите на оградата на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово е некривен и секој момент може да падне.

    Оштетена e оградата на црквата „Свети Никола“ во Куманово

    Граѓаните бараат  што побргу да се санира и да се врати во првобитната состојба, за да не ја повлече и да падне и металната ограда.

    „Заслужува грижа и одржување, искрено се надевам дека одговорните многу брзо ќе ја поправат. Штета ќе биде да се обруши, а може и да повреди некого“, коментираат граѓани кои секојдневно поминуваат тука.

    Се работи столб од камена ограда, која е налегната на ѕид на објект во дворот, па би можела да предизивика и дополнителни оштетувања.

    Од црквата не одговорија на нашите прашања што ќе се преземе да се поправи столбот.

    Неофицијално, за проблемот е известен Националниот конзерваторски центар, затоа што се работи за споменик од културно наследство, и секоја интеревнција се врши под надзор на стручни конзерватори. Во план е поправка и санација на оградата во целата должина, а средствата ќе се обезбедат преку МПЦ- ОА.