Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Избрана е фирма која ќе работи на изградба на гасоводната мрежа од градот кон индустриската зона во Доброшане.
Тедерот го доби „Ехи ДОО“ од Петровец, Скопје, а проектот ќе чини 10,891 милиони денари или 177.000 евра, со вклучен ДДВ. Планирана е изградба на секундарна гасоводна мрежа во должина од 2 километри.
„Ќе се работи од крстосницата на булеварот „3 МУБ“ со „Видое Смилевски Бато“ кај Ловечкиот дом, до после Кланица во Доброшане. Тука се опфаќаат повеќе големи, индустриски капацитети „ Екстра Меин“, „Бучен Козјак“, при крај на мрежата има изграден и хотел во приватна сопственост. Со тоа ќе се создаде можност за приклучување на т.н. големи потрошувачи, а бенефит од гасификацијата ќе имаат и корисниците на услугата, а секако и „Куманово гас“. Постапката ја води Општина Куманово, како апликант на проектот“, истакна директорот Марко Митровски.
Договорот предвидува интервенцијата да заврши за 6 месеци. Гасоводната мрежа ќе се проега по должината на улица „Козјачка“, дел од регионалниот пат кон Свети Николе. Во овој проект не е опфатен кракот од улицата, каде работат 10- тина производни и продажни објекти. Средствата се обезбедени преку првиот владин повик за инфраструктурни проекти, одобрени во октомври, минатата година.