Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите граѓани кои живеат на „Моша Пијаде“ имаат можност да достават поплаки, идеи, забелешки на проектот за реконструкција на улицата.
Од 4 до 18 февруари на јавноста е доставена на увид контролната листа за Планот за управување со животна средина и социјални аскпекти на официјалната општинска интернет страница.
„Наша главна цел е граѓаните да бидат задоволни, затоа досега организиравме и две јавни презентации на проектот на кои ги чувме нивните предлози и сугестии. Истовремено им беа посочени местата на кои треба да се обратат за дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат за да, доколку се оправдани, влезат во крајниот проект, на задоволство на сите“, објаснува Марија Бабан, раководител на Одделение за меѓународна соработка и евроитеграции.
Проектот го спроведуваат Министерството за транспорт и врски и Светската банка, во соработка со локалната самоуправа. Кога ќе започне реконструкцијата ќе зависи од министерството кое ќе спроведе постапка за избор на изведувач.
Со проектот е предвидено да се реконструира или замени целата подземна инфраструктура, да се постави нова електрична и оптичка инсталација. Во должина од 830 метри од почетокот на улицата ќе се изгради нова атмосферска канализација со цевки Ф/1000. На дел од улицата ќе се смени водоводната и фекално- канализациска мрежа, затоа што постоечката е стара повеќе од 50 години. За паркирање на возилата проектирани се т.н. ниши, односно 108 паркинг места за резидентите за да се ослободат тротоарите и пешачкиот дел за безбедност на пешаците. По должина на тротоарите ќе бидат поставени стоплчиња, полуподземни контејнери.
За време на изведување на проектот ќе се воведе времен режим на сообраќај, наизменично ќе се работи едната па другата страна на улицата, а за пешаците ќе се постават рампи и премини преку ровови
Надлежните најавуваат дека по завршување на сите активности Куманово ќе добие модерна, современа улица, со комплетно урбано уредување по мера на граѓаните.
Преку проекти на Стопанска банка до сега е направен улицата 300 во Ајдучка Чешма, а во тек е изградба на патот помеѓу селата Новосељане- Косматац- Мургаш.