×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се собира кабаст отпад во Агино Село, Черкезе и Режановце

    29.04.2025 10:20 | Оливера Пешевска

    ЈП „Чистота и зеленило“ организира нова акција на собирање на кабаст отпад, овој пат во селските средини.

    Ќе се собира кабаст отпад во Агино Село, Черкезе и Режановце

    Контејнери се поставени во близина на црквата во Агино Село, на влез од селото Черкезе и на пат кон селото Режановце, поточно на излезот од станицата за технички преглед. Акцијата е предвидена да трае од денска до сабота, 3 мај.

    Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да ја искористат можноста за одлагање на старите, кабасти работи од домовите без дополнителна надокнада.

    „Очекуваме голем одѕив, масовност и успешна акција, жителите на руралните средини се секогаш дисциплинирани во тој поглед. На овој начин ќе се ослободат од сметот без да ја загадат животната средина во нивна непосредна околина“, истакна директорот Ненад Стојановски.

    За разлика од минатите години, оваа пролет акцијата вроди со плод, имаше поголем одзив од последните неколку години. Домаќинствата се ослободија од старите нефункционални апарати и машини, оштетени парчиња мебел, пластична амбалажа и стари, автомобилски гуми. Акција прво се организираше во градот, потоа беа опфатени приградските населби, за на крај да се одржат и во дел од селата.

    Ова е трет дел од кампањата, спроведена по насоки на Министерството за животна средина и просторно планирање. ЈП „Чистота и зеленило“ по пролетното чистење на отпадот со поголем волумен, ќе продолжат и со самостојна организација на вакви акции кон крајот на летото и почеток на есента. Нивното искуство покажува дека најголем успех во спроведувањето имаат во септември, па за тогаш се предвидени уште 2-3 нови акции.