×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кој е надлежен да ги пушти фонтаните во Куманово, наместо со вода полни со ѓубре (видео)

    13.07.2023 14:08 | Оливера Пешевска

    Украсните фонтани „Батко Ѓорѓија“, „Три бандери“, старата фонтана пред осмокатницата, како и петте малечки во паркот кај економското училиште „Перо Наков“, на пола лето уште не се ставени во функција. Запуштени, не само што не се украс и разладување на минувачите, туку се полни со смет, а некои од нив и со застојана вода.

    Од Општина Куманово и ЈП „Водовод“ си ја префрлаат надлежноста, двете страни тврдејќи дека не се надлежни да ги одржуваа фонтаните. Од „Водовод“ не информираа дека тие ја пуштаат водата во фонтаните на барање на општинските служби, а годинава такво барање не е доставено. Од Општина велат дека тоа е работа на „Водовод“.

    Еден од проблемите за овие фонатни е што во некои од нив има и рефлектори и електрична инсталација, па претставуваат ризик за несреќни случаи доколку некој реши да влезе и да се олади во нив, особено во тропскиот бран што го зафати градот и кој нема да стивне, барем во наредните недела дена.

    Граѓаните сметаат дека треба да се договорат и побрзо да ги пуштат фонтаните да заличиме на урбана средина.

    „Чешмичињата работат и ако си жеден ќе си се напиеш вода. Ама овие не знам зошто не се пуштени. А баш е убаво кога при прошетка ќе слушнеш жуборење на вода, не дека ќе те олади ама одма е подруго некако. И навечер кога се осветлени, заедно со зеленилото во позадина е преубава слика“, изјави Ванчо Ѓ. пензионер, кој секојдневните рекреативни прошетки ги прави во централното градско подрачје.

     Таквите украсни фонтани не се големи потрошувачи на вода, затоа што еднаш наполнети истата вода циркулира низ системот и немаат потреба од дополнување.

    Во минатото, неофицијално за нивно одржување и функционирање била задолжена приватна фирма, избрана на тендер. Се работи за периодот од пред 7 до 10 години. Од тогаш нашите соговорници не знаеја да прецизираат кој треба да поведе постапка,да ги отстрани евентуалните недостатоци и дефекти,да ги исчисти и стави во функција украсните фонтани.

     

    Кој е надлежен да ги пушти фонтаните во Куманово, наместо со вода полни со ѓубре (видео)