×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Креативна работилница и промоција на книги за деца од Ана Јовковска

    12.05.2025 12:55 | KumanovoNews

    Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре во 11 часот ќе се одржи креативна работилница и промоција на сликовниците „До небото и назад“ и „Љубов во топка“ од авторката Ана Јовковска. 

    Креативна работилница и промоција на книги за деца од Ана Јовковска

    „До небото и назад“ и „Љубов во топка“ се најновите книги за деца на авторката Ана Јовковска, илустрирани од страна на Иванка НиБа. Во сликовниците е обработена темата за  детската безусловна љубов, бидејќи децата даваат и љубат од срце,без да мерат колку дале и колку треба да земат. Детето кое е сакано љубовта ја гледа во се околу себе, па лесно се поврзува со се она што го опкружува. Тие се најдобри учители, преку нив можеме да станеме подобри личности, подобри родители, наставници и воспитувачи. Овие приказни треба да им покажат на децата дека љубовта ја следат широк спектар на емоции од кои не треба да се плашат.Емоциите не секогаш се пријатни, но секогаш носат порака. Кога ќе ја декодираме скриената порака емоционално растеме и го зајакнуваме психолошкиот имунитет.

    На работилницата ќе присуствува и илустраторот Иванка НиБа. Настанот е дел од годишната литературна програма на НУЦК за 2025 година поддржана од Министерство за култура и туризам.