Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Во септември минатата година на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршен преглед на патничко возило, управувано од лице од Струмица, пријавениот ја злоупотребил службената должност и овластување, на тој начин што на лицето му пресметал за плаќање помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во из
нос од 41.433 денари на штета на Буџетот на РСМ“, соопшти МВР.