Кривична пријава за кумановска фирма, продавала фалсификувана текстилна стока и модни производи
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против газда и правен субјект од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

„Првопријавениот, со намера за себе и за второпријавеното правно лице да прибави противправна имотна корист, неовластено изложил, понудил за продажба и пуштил во промет фалсификувана текстилна стока и модни производи со поставени обележја како на оригинален продукт, кои се предмет на заштита, притоа повредувајќи ги туѓите заштитени трговски марки, туѓи заштитени индустриски дизајни, туѓи заштитени ознаки на потеклото на производот и географска ознака на трговски марки“, соопшти МВР.