Мени

Кумановец доби кривична пријава за трговија со културно наследство

23.01.2026 13:09 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост”.

 

Кумановец доби кривична пријава за трговија со културно наследство

„Пријавениот во текот на 2024 година купил монети кои потекнуваат од 18 и 19 век и предмети во вид на „пафти” кои претставуваат етнолошки предмети, кои потекнуваат од 19 век или почеток на 20 век и претставуваат добра под привремена заштита“, соопшти МВР.

(фото. архива)