Кумановец фатен на радар со брзина од 138 километри на час во населено место, викендов казнети 117 возачи
Полициски службеници од Куманово во текот на викендот спроведоа контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

„Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 117 возачи, од кои 77 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило и 3 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место во Куманово со радар му биле измерени 138 километри на час“, велат од СВР Куманово.
Оттаму велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, заради поголемена безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.