Кумановец измамил сограѓанин за 1.700 долари, за застапување во спор со странска осигурителна компанија
20.05.2025 17:22
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

„Во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил“, соопшти МВР.