Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесет и четиригодишен кумановец вчера бил приведен, откако бил пријавен дека ги нападнал родителите и кршел по дома.
„Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 17 часот лишиле од слобода 44-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.