Мени

Кумановец пријавен за исчезнат, семејството бара помош

19.11.2025 10:27 | KumanovoNews

Утринава во Кумановската полиција било пријавено дека од својот дом се оддалечил В.М. (66), кој последен пат бил виден на Клиниката за онкологија во Скопје.

 

Кумановец пријавен за исчезнат, семејството бара помош

„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти МВР.

Од семејството на социјалните мрежи споделија дека последен пат стапиле во контакт вчера во 12:50 часот, додека сè уште бил на Клиниката за онкологија, по што му се губи секоја трага.

В.М. во Скопје заминал со автомобил „Nissan Qashqai“, бела боја, со регистарска ознака КУ-8630-АИ. Семејството апелира до сите граѓани, доколку имаат било каква информација, да се јават на телефонскиот број 078/577-598.