Кумановец пријавен за силување, чинот го снимил со мобилен телефон
        09.07.2024 18:05
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановец е осомничен дека извршил силување, а целиот настан го снимал со мобилен телефон.
                  „СВР Куманово поднесе кривична пријава против 48-кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“. На 09.06.2024 пријавениот во неговиот дом, со закана извршил обљубa, а целиот настан го снимил со мобилен телефон“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



