Кумановец се обидел да запали обложувалница, полицијата го привела
16.07.2025 14:09
| KumanovoNews
Четириесет и двегодишен кумановец вчера е приведен под сомнение дека се обидел да запали обложувалница во Куманово.

„Во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 42-годишен жител на Куманово. Тој се сомничи дека на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово се обидел да предизвика пожар во спортска обложувалница. Приведен е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.