Кумановка ќе одговара за запуштање и малтретирање на дете
        18.07.2024 17:37
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 23-годишна жена, затоа го запуштила своето дете.
                  „Поднесена е кривична пријава против М.А.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, од раѓањето на нејзиното дете на 12.12.2023 ја запоставила својата родителска должност, со денови го оставала нејзиниот неколкумесечен син без родителска грижа, одбила болничко лекување и го довела во состојба на неухранетост“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



