×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово паркинг“ ја заврши 2024 со загуба од 5,4 милиони денари

    22.04.2025 11:31 | Оливера Пешевска

    Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ ја заврши минатата година со загуба од 5,4 денари или 90.000 евра, иако има раст на приходите. 

    „Куманово паркинг“ ја заврши 2024 со загуба од 5,4 милиони денари

    Според раководството, проблемот е во зголемените трошоци – пред сe за електрична енергија и за платите.

    „Приходите се зголемени, но и расходите. Најмногу трошиме за плати и струја. Дополнително, трошоци ни прави и сервисирањето на возилата“, објасни директорот Андреја Маџовски на последната седница на Советот на Општина Куманово.

    Во последниот квартал од 2023 година, приходите надминале 48 милиони денари, а во 2024 достигнале над 53 милиони. Но, трошоците пораснале уште побрзо. Според извештајот, пајак-службата донела помалку приходи поради дефект на едно од возилата, а во трошоците влегуваат и набавка на новогодишни украси, ангажман на лица преку агенција за вработување, како и делумна неефикасност во користењето на фотонапонските системи за базенот.

    Советникот Благојче Јаќимовиќ обвини дека „претпријатието продава воздух, а зема пари“, и потсети на неговиот предлог, кој не беше прифатен за субвенциониран паркинг на станарите во централното подрачје, со што би се помогнало на претпријатието, а би се обезбедиле и дополнителни средства за развој на зоните Б и Ц.

    „Да беа прифатени тие 1 милион денари субвенции, ќе заживееше Б зоната, а со тоа и претпријатието ќе оствареше поголем приход. Претпријатието беше формирано со цел да носи профит, кој ќе се враќа во буџетот на Општина Куманово, од кој ќе се градат нови паркиралишта и катни гаражи“, кажа Јаќимовиќ.

    Советниците обвинија дека и по долги години од формирањето на претпријатието се уште нема сопствен имот, туку изнајмува деловни простории и депо за возилата кои ги подига пајак службата.

    „За се плаќате. Ниту, пак имате некаква иницијатива за тоа како да се надмине тоа прашање. Вие со години фунционирате на тој начин“, заклучи Миле Андоновски во дискусијата.

    Директорот Маџовски се правдаше дека во 2022 година платите биле 1,3 милиони денари месечно, додека денес изнесуваат над 3 милиони денари. А како што рече, во иднина ќе се зголемат обврските со новите објекти како Спортската сала и Соколана, што дополнително ќе го оптоварат буџетот.

    ЈП „Куманово - паркинг“, покрај со паркин просторот, стопанисува и со спортските објекти, а најголема загуба генерира затворениот базен.

    Советничката Атина Мургашанска потсети дека локалната самоуправа му помага на претпријатието со исплата на субвенции за  часови по пливање на учениците од основни и средни училишта во општината. Во 2024 година биле исплатени 13,5 милиони денари или 220.000 евра субвенции по овој основ на ЈП „Куманово паркинг“, а не се знае колку таа мерка е успешна и дали учениците ги користат нивните услуги.