Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово повторно се најде на листата на градови каде се надминати граничните на вредности за ПМ10 честичките во воздухот во последните два дена.
Највисока вредност е забележана на 31 декември во 16 часот од 268 µг на метар кубен, на 1 јануари вечерта 194 µг/m3 и на 2 јануари 189 µг/m3 во истиот период. Според индексот за квалитет на воздухот измерените вредности се во категоријата високо загадување.
Според Министерството за животна средина и просторно планирање многу висока загаденост е регистрирана кај ПМ 2,5 честичките. На 31 јануари, во 20 часот таа била 218, што е двојно повеќе од прагот на алармирање. Приближно иста вредност е регистрирана во текот на 1 и 2 јануари од 166, односно 167 µг/m3 . Горниот праг за овој загадувач е секоја вредност повисока од 110 µг/m3 . Дозволенот присуство на ПМ честичките е 50 мг/м3.
На сила стапува владиниот акциски план, кој содржи краткорочни мерки за чист воздух.
Од Општина Куманово на граѓаните им препорачува користење на јавниот линиски превоз, да се избегнува употреба на автомобили без поголема потреба, да се користат автомобилите за превоз на повеќе патници одеднаш, да не се затоплуваат просториите со прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел,стиропор, пластична амбалажа, парчиња гума или било каков синтетички материјал. Се препорачува проверка на печките на дрва, но и најстрого се забранува палење на оган на отворено.
Од Министерството за здравство (МЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачуваат огранчени движења и активности на отворен простор на најранливите категории на граѓани- деца, стари лица, хронично болни со белодробни или кардиоваскуларани болести, а се нагласува особена внимателност за граѓаните со белодробна астма. Препораките особено важат за работниците кои работата ја извршуваат на отворен простор.