Мени

Лажни пораки се праќаат во име на „Безбеден град“, граѓаните да не ги отвораат, апелира МВР

20.01.2026 16:22 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

Лажни пораки се праќаат во име на „Безбеден град“, граѓаните да не ги отвораат, апелира МВР

„Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок“, соопшти МВР.