Мени

Лажни се дојавите за бомби во 17 училишта во Куманово

29.10.2025 07:49 | KumanovoNews

Пријавите за поставени бомби во 17 училишта во Куманово се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

Лажни се дојавите за бомби во 17 училишта во Куманово

По извршените проверки, утврдено е дека во училишните објекти нема поставени експлозивни направи.

„Вчера околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово беше пријавено дека на е-мејл адресите на 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и е утврдено дека се работи за лажни пријави“, соопшти МВР.