Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марија Спасовска е избрана за нова директорка на библиотеката „Тане Георгиевски“ со мандат од 4 години.
Таа е дипломиран филолог по македонски јазик и јужнословенска книжевност, со дополнително положени стручни испити за наставна насока и библиотекарство, а во струката работи 20 години во ОУ „Браќа Миладоновци“.
Специфичниот, библиотекарски дел од работата и е добро познат, а предизвик ќе и биде менаџерскиот дел од обврските.
„Имам солидно познавање и од справување со финансиските и правните аспекти од позицијата, но се уште сум во процес на запознавање со обврските, правилата, законите и моите нови колеги, иако со голем дел се познаваме и претходно. Моите планови, освен кон основната дејност, набавка на нови книжевни изданија, се насочени кон промоција на писатели, промоција на наградени книги на книжевни конкурси, интерактивни работилници со децата од основните и средните училишта од Куманово“, кажа директорката Спасовска.
Таа доаѓа на местото на Христина Алексовска, на која и истече мандатот, а не конкурираше за продолжување на извршување на функцијата.