×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Марко Трајковиќ доби награда за најдобра машка улога на фестивалот „Стоби“

    06.11.2025 08:34 | KumanovoNews

    Актерот на Кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, ја доби наградата за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025.

     

    Марко Трајковиќ доби награда за најдобра машка улога на фестивалот „Стоби“

    Жирито во состав: Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски, со едногласна одлука ја додели наградата за неговата интерпретација на насловниот лик во претставата „Калигула“ на Кумановскиот театар.

    Во образложението се наведува дека Трајковиќ „ја толкува сложената фигура на Калигула со извонредна психолошка длабочина и интензитет“. Неговиот настап, како што истакна жирито, ја открива тенката линија меѓу лудилото и апсолутната моќ, претворајќи ја класичната драма во современо размислување за човековата природа и општествените механизми на контрола.

    Фестивалот „ИФАД Стоби“ уште еднаш потврди дека античката драма е бескрајно актуелна и дека новите генерации театарски творци знаат како да ѝ дадат свеж, силен и човечки глас.