×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мултимедијалниот фестивал „Културен амалгам“ утре во Куманово

    06.08.2025 13:19 | KumanovoNews

    Во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 20 часот  ќе се одржи ревијална изложба на алтернативни фотографски техники „ФотоСинтеза“ и премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – приказна во слики“.

    Мултимедијалниот фестивал „Културен амалгам“ утре во Куманово

    Ревијалната изложба на алтернативни фотографски техники Фотоклубот Ирис е основан во 1958 година во рамките на Студентскиот културен дом во Темишвар, Романија. Оттогаш, тој претставува простор посветен на љубителите на фотографијата, каде што креативноста и традиционалните техники се среќаваат со ентузијазмот на новите генерации. Секоја година, членовите на клубот организираат практични работилници за аналогна фотографија и експериментираат со историски фотографски техники како што се цијанотипија, вандајк, гумоил или гум-бихромат.

    Филмот „Манаки – приказна во слики“ ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери.  Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега
    познат како град на браќата Манаки.

    Документарен филм, е во режија на Роберт Јанкулоски, сценарио: Илинденка Петрушева и Роберт Јанкулоски.

    Фествалот  „Културен амалгам“ има за задача да отвори врати кон коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка во различни средини и низ различни градови.