МВР од вторник ќе ги тестира камерите на системот „Безбеден град“
Од вторник, 20 јануари, ќе започне тестирање на поставените камери за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека тестирањата ќе се спроведуваат секој ден, во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
„За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се реализираат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје“, соопштија од МВР.
Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел непречено и безбедно спроведување на планираните активности.