Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Куманово – 26 литри на метар квадратен (л/м2).
Потоа следува Берово со 23 л/м2, 17 Скопје - Петровец и Виница, 12 Прилеп, 9 Крива Паланка и Штип, 6 Пожаране, 5 Крушево и Ѓуриште, 4 Велес, 3 Битола, Гевгелија, Попова Шапка и Пожар-Радовиш, 2 Тетово, Претор, Демир Капија и Струмица, 1 л/м2 во Охрид и Тополчани.
„Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на мерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, велат од УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м 2 ), појава на грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.