Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Куманово 15 л/м2.
Според УХМР, 14 л/м2 наврнале во Лазарополе, 13 Маврови Анови, 11 Крушево, 10 Крива Паланка, Тетово, Пожаране, 8 Скопје-Петрове, Попова Шапка, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, и 2 во Битола, Штип и Виница. Најмалку по 1 литар на метар квадратен во Претор, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, а попладне облачноста ќе се намали.