×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Немаме никаква поврзаност со осомничената службеничка, велат од „Пин Петрол“

    09.04.2025 15:08 | KumanovoNews

    Компанијата “Пин Петрол” ги демантира, и се оградуваме од наводите за било каква поврзаност со осомничената службеничка Г.К, по кривичната пријава за злоупотреба и проневера во службата од финансиската полиција за проневера на речиси 22 милиона денари.

    Немаме никаква поврзаност со осомничената службеничка, велат од „Пин Петрол“

    „Ние како компанија немаме никаква сопственичка, правна и роднинска поврзаност со осомничената. Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин Петрол) за кое осомниченото лице Г.К. има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за било какви информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија. Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи, за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“, велат во соопштението од компанијата.