Кумановецот Никола Милосковски ја сними првата песна „Стари мој“
Младиот пејач Никола Милосковски од Куманово ја промовираше својата прва песна „Стари мој“, за која е изработен и видеоспот.
Музиката и текстот се на Емел Франца, а аранжманот е на Кристијан Јовановиќ. Спотот го сними Алек Тасевски на повеќе локации во Скопје.
„Станува збор за балада која уште на прво слушање плени со својата искреност, топлина и мелодичност. „Стари мој“ носи силна емоција и лесно допира до секој што знае што значи вистинска љубов. Ова е композиција во која многумина ќе се пронајдат – особено оние што љубат искрено и без задршка“, вели Никола.
Песната е снимена на српски јазик, со цел да допре до поширока регионална публика. Сепак, не е исклучена можноста наскоро да добие и македонска верзија.
Никола најчесто настапува во својот роден град Куманово, а неговата музичка приказна полека се шири и надвор од границите – со настапи низ Македонија, но и во Србија.