×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов уреден и атрактивен простор покрај кејот на Кумановка, најави Анастасовска

    04.10.2025 13:37 | KumanovoNews

    Во програмата на СДСМ предвиден е проектот „River Urban Place“ - современа урбанизација на кејот, со кој ќе се создаде уреден, безбеден и функционален простор за сите генерации.

    Нов уреден и атрактивен простор покрај кејот на Кумановка, најави Анастасовска

    „Со новиот урбанистички план се овозможува изградба на ресторани, кафетерии, пешачки зони и зелени површини со модерен и атрактивен изглед. “River Urban Place“ вклучува:изградба на модерна пешачка и велоспедска патека, уредни зелени површини со нови дрвореди и урбана опрема (клупи, осветлување, корпи за отпадоци, зона за спорт и рекреација, фитнес на отворено, игралиште за деца, места за прошетки и трчање), а најважно од сѐ чиста и заштитена река, нешто што со години претставува проблем за градот“, кажа Тамара Анастасовска, кандидатка за советник од СДСМ и коалицијата.

    Рокот за реализација на „River Urban Place“ е од 18 до 24 месеци, во зависност од фазите на планирање и изградба, додека буџетот се проценува на 10 до 15 милиони денари.

    „Ова не е само проект за убавина, туку за животен стандард, економија и иднина. Кејот ќе стане центар на социјалниот и културниот живот, место каде граѓаните ќе се чувствуваат безбедно и ќе се сретнуваат семејства, спортисти и млади луѓе со нови идеи. Нашиот град заслужува ваква реалност“, порача Анастасовска.

    Со поддршката на граѓаните на претстојните избори, СДСМ и Коалицијата најавуваат дека кејот ќе се претвори во симбол на нова енергија на Куманово.