×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за ранливите групи потрошувачи

    04.08.2025 14:21 | KumanovoNews

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. 

    Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за ранливите групи потрошувачи

    Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која министерството обезбеди 42.3 милиони денари финансиска поддршка.

    Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и глуво лице, корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години возраст, а без оглед на старосната возраст, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од 24.500,00 денари за едночлено домаќинство, 42.000, 00 денари за домаќинство со два члена, 60.000, 00 денари за домаќинство со три члена и 80.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот надоместок согласно Законот за социјалната заштита.

    Барањето се поднесува со пополнет образец кој е достапен во архивата на Министерството или на www.energy.gov.mk, каде се наведени и сите останати документи кои се задолжителни да се достават со барањето.