×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска трговците имаат обврска да ги објавуваат цените интернет

    18.04.2025 14:48 | KumanovoNews

    Трговците од денеска треба да ги објавуваат цените на производите на нивните официјални веб-страници. 

    Од денеска трговците имаат обврска да ги објавуваат цените интернет

    Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи, што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

     

    Во Правилникот е наведено дека сите мали, средни и големи трговци кои вршат дејност трговија на мало согласно Националната класификација на дејностите имаат должност дневно да ги објавуваат цените на стоките што ги пласираат на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел посветен на цените (ценовник). Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава.

     

    Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја коригира во рок од 24 часа. Доколку трговецот нуди промотивни или намалени цени, на веб-страницата треба да бидат означени редовната цена, процентот или износот на намалувањето и времетраењето на промоцијата или попустот.

     

    Според надлежните, со ваквиот начин на објавување на продажните цени ќе се обезбедат транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.

     

    Изземање од ваквата одлука вчера побараа од Здружението на приватни аптеки, според кое аптеките не треба да се третираат како обични трговци.