×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана 24-годишнината од формирањето на Бригадата на Југосточна Европа (СИБРИГ) во Куманово -видео

    31.08.2023 15:19 | Оливера Пешевска

    Во касарната  „Боро Менков“ во Куманово, денеска, се одржа свечена церемонија по повод 24-годишнината од формирањето на СИБРИГ-Бригадата на Југосточна Европа.

    На свеченоста присуствуваа заменик министерот за одбрана, Тирон Јајага, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадори, други високи гости и воените аташеа на земјите учеснички во бригадата и тоа од:  Албанија, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија и Турција.

    На церемонијата беше истакнато дека промените на безбедносното опкружување кои во моментов се случуваат во регионот и пошироко, а особено со руската агресија врз Украина, сајбер заканите, лажните вести, дезинформациите и елементарните непогоди и катастрофи, нè потсетуваат дека треба да размислуваме за развојна стратегија и соодветно прилагодување и менување со цел да бидеме пофункционални во справувањето со современите предизвици.

    „Во рамките на СЕДМ иницијативата на министерствата за одбрана постојат огромни можности за унапредување на нашата заедничка соработка, кои се неопходни во современиот безбедносен контекст во кој се наоѓаме, со цел да се создадат регионални механизми за справување со предизвиците со кои несомнено ќе се соочуваме и во иднина.  Денешницата покажа дека безбедноста мора постојано да се гради и унапредува, а најдобриот начин тоа го направиме е да бидеме заедно, здружени и посветени. Регионалната соработка е витална за напредокот за нашите земји, бидејќи само со развивање на заеднички капацитети и способности можеме да ја зацврстиме нашата демократија и заедничките вредности кои го обликуваат нашето живеење“, истакна во своето обраќање заменик министерот за одбрана Тирон Јајага.

    Тој потсети дека РС Македонија многупати досега покажала оти цврсто верува во заедништвото и интеграциите. Државата во континуитет е вклучена во сите регионални иницијативи на Југоисточна Европа и активно придонесува во развојот на пријателски односи со сите земји во регионот. За иднината на нашиот регион најважно е сите да бидат посветени и упорни во зацврстувањето на стабилноста, помирувањето и промовирањето на меѓусебното разбирање и политичкиот дијалог, доброто владеење и почитувањето на човековите права.

    На свечената церемонија претседавањето со политичко – воениот управувачки  комитет и Координативен комитет на СЕДМ од Бугарија  го презеде Симона Којачару–државна  секретарка и шеф на секторот за одбранбена политика, планирање и меѓународна соработка во романското Министерство за одбрана.

    „Романија по трет пат го презема престедателството на иницијативата и ние и по трет пат сме подготвени за предизвикот. Цврсто верувам дека градењето на нашето партнерство и зајакнатата регионална соработка се вистинскиот клуч за успех и сигурност за најдобрата клима во нашиот регион. Заедно со изразената солидарност, СЕДМ-членките имаат иднина да проектираат стабилност, особено во време на стратегиски натпревар и враќање на политиката на надмоќ,  со комплексни сигурносни закани со кои мора да се справиме. Нашето мото  е „Издржливост, посветеност, стабилност“ и нека биде во вистинска смисла одраз на СЕДМ иницијативата и начинот на кој и во иднина ќе ги здружиме напорите за заеднички да се справиме со современите предизвици“, изјави Којачару во поздравниот говор.

    Нов командант на Бригадата на Југоисточна Европа е бригадниот генерал Билбил Битри од Албанските вооружени сили,кој ја презеде должноста од досегашниот бригаден генерал Евангелос Митруцикос.

    Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат како договор за Мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ).Во Сибриг денеска учествуваат Албанија, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија и Турција. Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на ротациона основа, а нејзини домаќини досега беа: Пловдив, Констанца, Истанбул и Лариса. Република Северна Македонија е домаќин на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово  до 2026 година.

     

    Одбележана  24-годишнината од формирањето на Бригадата на Југосточна Европа (СИБРИГ)  во Куманово -видео