Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На местото викано „Бреза“ на патот од Тетово кон село Вејце денеска се одбележа 24-годишнината од масакрот на македонските бранители кај селото Вејце.
На ова место, од заседа, со рачни фрлачи и автоматско оружје, беше нападната патролата на македонските бранители при што осуммина од нив беа убиени, а неколку беа ранети.
Загинаа: Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески, Миле Јаневски, Роберт Петковски, , Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Стојановски,
Делегации на бранителите, на Армијата, специјалните единици, политички партии и здруженија, положија букети свежо цвеќе.
Од собирот уште еднаш беше пратена порака до власта на ова место да изгради достоинствено спомен обележје каде би се чествувал споменот на овие храбри бранители.
Бобан Трајковски доби мурал во Куманово.