×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одложено судењето на жената која во самоодбрана ги уби сопругот и свекорот во Кратово

    20.12.2024 16:02 | Сузана Николиќ

    Во Основниот суд во Куманово, денеска поради отсуство на обвинителот, се одложи судењето против Вангелица Илиевска (36) од Кратово, обвинета за двојно убиство со умисла на сопругот и свекорот, во нивната куќа во Кратово. 

    Одложено судењето на жената која во самоодбрана ги уби сопругот и свекорот во Кратово

    Според обвинението, Илиевска на 13 јуни годинава, во 21.30 часот, во семејната куќа во Кратово, при вршење на семејно насилство, со умисла ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот  Стојан. Критичната вечер, додека таа била на горниот кат на куќата, во дневната соба и кујната дошол нејзиниот сопруг и започнале вербална расправија, а потоа  физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото. Во моментот кога со рацета ја фатил за вратот, таа пружила рака и од кујната зела нож,  со кој му нанела два убода во пределот на градите и стомакот. Додека нејзиниот сопруг се уште стоел на нозе и се борел со неа, во собата влегол нејзиниот свекор и обвинетата со истиот нож двапати го пробола во пределот на градите и срцето. Вангелица продолжила да се бори со сопругот во ходникот, успејала да се отргне од него и се вратила во кујната и зела друг нож,  го пробола во грбот, по што тој починал.  Поради тоа се товари дека извршила кривично дело двојно убиство  со умисла.

    Пред судот, обвинетата Илиевска, кажа дека го разбира обвинението, но не го прифаќа кривичното дело и вината за кое што е обвинета, туку признава дека дејствувала во самоодбрана.

    Адвокатот на одбраната Кристијан Георгиевски од Куманово, кажа дека Илиевска делото го сторила во нужна одбрана, бидејќи  повеќе од 10 години била жртва на семејно насилство, а теророт на физичко и психичко малтретирање од сите членови на семејството го трпела само поради децата.  Тој наведе дека во целиот случај затаиле и институциите, бидејќи  иако повеќепати барала помош од Полицијата и Центарот за социјални работи, никој не и помогнал. Поради тоа кога била нападната немала друг избор, туку да посегне по најблиското средство за да се одбрани.

    Наредното рочиште е закажано за 22 јануари 2025 година.