×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одмаралиште во Градиште и 3.000 денари за секое прваче, најави Манојловска

    03.10.2025 12:50 | KumanovoNews

    Образованието е темел на развојот на секое општество и најголема инвестиција во иднината на нашите деца.

    Одмаралиште во Градиште и 3.000 денари за секое прваче, најави Манојловска

    Нашата визија за е да создадеме современо, безбедно и достапно образование за секое дете и млад човек, без разлика на нивното потекло или услови, кажа Марина Манојловска, кандидатката за советничка во Советот на Општина Куманово на коалцијата на СДСМ, на денешната прес-конференција. 

    Во нивната програма е предвидена нова мерка - субвенционија по 3.000 денари за среќен почеток на секое прваче, а еден од поголемите проекти е изградбата на одмаралиште во с.Градиште, кое ќе овозможи сместување, едукативни и рекреативни активности за ученици. 

    „Објектот ќе понуди безбедна и пријатна средина за учење и одмор, со спортски терени и зелени површини, поттикнувајќи здрави навики и тимска соработка. Одморалиштето ќе биде наменето за: ученици и наставници од основните и средните училишта од градот. Партнерски организации: извидници, спортски клубови, еколошки здруженија. Проектиран капацитет предвидува 100 кревети (сместување) + до 150 учесници во дневни програми. Рокот за реализација е од 36 до 48 месеци, зависно од временските услови и организацијата на работите, додека буџетот кој е предвиден за овој проект изнесува до 48.000.000 денари“, додаде Манојловска.

    Таа додаде дека доколку биде дел од новиот состав на Советот ќе се залага за подобри училишта, дигитална поддршка, мотивиран наставен кадар и еднакви шанси за сите ученици, студенти. 

    „Веруваме дека со заеднички напори можеме да изградиме образование кое ќе ги инспирира младите да создадат подобра иднина токму овде, во својот град и својот дом. Со нашата програма се обврзуваме за: поддршка за дигитализација, опремување на училишта со компјутери, интернет и воведување на електронско учење, обуки за наставен кадар. Континуирана едукација за современи наставни методи, дигитални алатки и инклузивна настава. Стипендии за ученици од социјално загрозени семејства и награди за талентирани ученици. Едукативни програми преку организација на бесплатни курсеви (јазици, ИТ, екологија и медиумска писменост), инклузивно образование и училишна инфраструктура. Поддршка за реконструкција, енергетска ефикасност и подобрување на санитарните услови“, кажа Манојловска.

    СДСМ и коалцијата се на гласачкото ливче под реден број 5.