Ограбена црквата „Св. Троица“ во Љубодраг
25.08.2025 14:28
| KumanovoNews
Во Кумановската полиција вчера било пријавено дека во периодот од 4 до 24 август е ограбена црквата „Св. Троица“ во селото Љубодраг, кумановско.

Според пријавата, со употреба на сила и погоден алат била отворена црковната каса, од која биле одземени пари.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.