Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две куќи вчера попладне биле зафатени од пожар, при што е предизвикана голема матерјална штета.
Се работи за приземје на куќа на улицата Иван Милутиновиќ, и на ул. „Кирил и Методи“ за магацински простор и дел од книжарницата Ханибал, спроти Пионерскиот дом.
„На улицата Иван Милутиновиќ е запалено приземје на куќа, во кое никој не живее, сопствениците се на катот од објектот. Пожарот е изгаснат за помалку од еден час, но веднаш по враќање биле повикани на втора интервенција. Најверојатно пожарот настанал во магацинскиот дел на книжарницата, а зафатен е и мал дел од продажниот објект. За сега причините на пожарот се непознати и дополнително ќе се утврдуваат“, истакна Борис Станковски, заменик командат на ТППЕ Куманово.
Според очевидци реагирала и екипа на Итната медицинска помош, но не успеавме да добиеме подетални информации.
Во службениот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи стои: „ТППЕ Куманово бележи интервенција на опожарена семејна куќа во улица Иван Милутиновиќ - општина Куманово. Интервенирано е од 16,55 до 17,45 часот со 1 ПП возило и 5 пожарникари. ТППЕ Куманово интервенираше и на опожарена семејна куќа на улицата Кирил и Методи. Интервенирано е од 17,55 до 19,50 часот со 2 ПП возила и 7 пожарникари. За материјална штета и за причината за пожарот, допрва ќе се утврдува“.
(Фото. архива)