×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово и од оваа Влада го бара Пионерскиот дом

    17.02.2025 13:18 | KumanovoNews

    Општина Куманово минатата недела испратила ново барање до Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) за добивање во сопственост на зградата на Пионерски дом во Куманово. 

    Општина Куманово и од оваа Влада го бара Пионерскиот дом

    Ова е второ барање во последните две години, откако предходната Влада предводена од СДСМ не го прифати предлогот, со образложение дека ќе го стави во функција за услуги на социјална заштита на лица со попреченост.

    „ Општинатa повторно поднесе ново барање до Владата на 11 февруари 2025 година. Објектот Пионерски дом од страна на Влада е даден на трајно користење на РСМ - Министерство за труд и социјална политика. Општина Куманово до Владата поднесено предлог-одлука за престанок на право на трајно користење на МТСП и давање на трајно користење на општина Куманово“, велат од Општина Куманово.

    Локалните власти и пред десетина години го бараа објектот од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, но и при двата обиди „извисија“.

    Замислата на локалната самоуправа е во Пионерскиот дом да се направи за потребите на децата и учениците, како што беше порано,  или да се прошири Градската библиотека. Просторниот капацитет овозможува услови за овие дејности, но и за голем број други потреби како што е обезбедувањето простор за граѓанските здруженија од областа на образованието, културата или спортот.

    Зградата на Пионерскиот дом е во владение на МСПДМ од 2015 година. Во 2018 година се спроведе реконструирање на дел од приземјето, каде беше отворен клон на градинката „Ангел Шајче“. Од тогаш наваму се најавуваат планови за инвестиција и ревитализација на објектот, но имотно- правните односи никако да се разрешат.

    До тогаш граѓаните реагираат дека зградата станала дувло на бездомници и наркомани, дека е преполна со смет, постои опасност од потпалување или урушување под влијание на временските прилики.

    Пионерскиот дом е во непосредна близина на една детска градинка, две основни и едно средно училиштето и Школската амбуланта.