×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отсекот за превенција одржа состанок со претставниците на месните заедници и ЕВН

    11.07.2025 15:13 | KumanovoNews

    Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска одржа состанок со претседателите на месни и урбани заедници  од ЕВН – Куманово, поради зголемениот број на пожари на отворено.

    Отсекот за превенција одржа состанок со претставниците на месните заедници и ЕВН

    Како најчести причини за пожарите се палење на стрништа и друг отпад, како и старата инсталација за електрична енергија која предизвикува искрење при ветер.

     

    На состанокот се донесени следниве заклучоци:

    1.Претседатели на месните заедници веднаш да одржат состанок со месното население и укажат на внимание при работа со земјоделски машини.Комбајните задолжително да имаат ПП апарат и туби со вода;

    2.Секоја месна заедница да апелира до жителите сува трева да се искоси и отстрани подалеку од куќите;

    3.Куќи и викендици кои се до стрништа и шуми да направат заштитен појас околу објектите со правење бразди;

    4.Сите претседатели на месни заедници имаат обврска во наредните два дена да го известат ЕВН, доколку сметаат дека има спуштени жици од струја, за да екипите го санираат дефектот;

    5.Претседатели се должни да го информираат месното населени да наполнат вода во буриња и туби, затоа што од страна ЕВН и ТППЕ беше кажано дека водата се исклучува поради ризик од човечки жртви.

    На состанокот присуствуваа претседателката на Советот, претставници од ЈП „Национални шуми„ Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи (ЦУК), од општина Старо Нагоричане и општина Младо Нагоричане и командирот на ТППЕ – Куманово.