×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен ден за идните првачиња во ОУ „11 Октомври“

    28.04.2025 19:18 | Оливера Пешевска

    Отворен ден за новите првачиња се одржа денеска во дворот и холот на основното училиште „11 Октомври“ во Куманово.

    Отворен ден за идните првачиња во ОУ „11 Октомври“

    Во организација и реализација на настанот учествуваа дел од учениците, одделенски и предметни наставници, стручните соработници и директорката на училиштето.

    „Ние како училиште, и јас како директорка им се заблагодаруваме за големиот интерес на родителите и дечињата, како и на сите посетители. Воедно ги повикувам сите родители кои не присуствуваа на организираниот настан да не посетат кога ќе имаат време и да се запознаат со предностите кои ги нуди ООУ „11 Октомври“. Уписот за идните првооделенци започнува на 2 мај и ќе трае до крајот на месецот. Со гордост и радост ги очекуваме нашите идни првачиња“, истакна директорката Драгица Спасиќ.

    Во ООУ „11 Октомври“ е предвидено запишување на 100 ученици во прво одделение, и за прв пат по подолг период има заинтересираност и кај родителите кои не припаѓаат со реонската поделеност на училиштето. Интересот е поради тоа што  има функционален дневен престој во самото училиште.

    „Нина е најмало, трето дете во семејството и ќе оди во истото училиште како и постарите. Воопшто и не размислувавме со сопругата, имаат фантастични услови, љубезни наставници, услужлив персонал. Хигиената е на завидно ниво, најодговорно тврдам дека се запазени најстрогите санитарни и хигиенски стандарди. Им препорачувам и на другите родители, навистина искрено тврдам и стојам зад се што кажав“, истакна таткото Мартин Петковски.

     Во посета на училиштето беа дечињата од големите групи на градинката „Ангел Шајче“, кои се дружеа со своите идни другарчиња.

    На настанот беа организирани разни игри, забава и точки каде учениците низ игри покажуваа што до сега научиле.

    Истовремено беа претставени математичко, историско- уметничко, хемиско катче, точка за физичка активност, како и игри по македонски и италијански јазик.