Мени

Оваа зима снегот во Куманово ќе го чисти „Чистота и зеленило“

28.11.2025 09:43 | KumanovoNews

ЈП „Чистота и зеленило“ оваа зима ќе биде задолжено за чистење на снегот во градот и населбите. 

Оваа зима снегот во Куманово ќе го чисти „Чистота и зеленило“

До минатата година претпријатието се грижеше за зимското одржување на само дел од сообраќајниците во центарот на градот, но годинава опфатот се проширува на уште 20 улици во поширококото градско подрачје и на периферијата, кое го вршеше приватна фирма.

„Јавното претпријатие е подготвено да ја извршува оваа обврска. Возилата се спремни, имаме на располагање три специјални машини и обезбедени доволни количини сол. Во случај на обилни врнежи од снег, навремено ќе интервенираме и ќе одговориме на потребите на градот“, вели директорот Сашо Томиќ.

За зимското одржување на улиците во Куманово  се предвидени 13 милиони денари. Прво беа проектирани 8 милиони денари, но на вчерашната седница Советот на Општина Куманово го усвои дополнувањето на Програмата за зимско одржување, и со ребалансот на буџетот одобри уште 5 милиони денари на ЈП “Чистота и зеленило“.