Пациент нападнал вработена во Кумановската болница, оштетил и опрема
23.06.2026 13:29
| KumanovoNews
Вработена во Општата болница во Куманово била мета на агресивно однесување од 25-годишен кумановец, кој се обидел физички да ја нападне на нејзиното работно место.
Според полицијата, вчера околу 17 часот, додека вработената била на работното место, О.Ш. (25) од Куманово се однесувал агресивно и се обидел физички да ја нападне. Притоа, оштетил дел од инвентарот и компјутерската опрема во болницата.
Од СВР Куманово соопштија дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.