Планирани прекини на електричната енергија во Куманово
18.08.2026 07:59
| KumanovoNews
Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија во периодот од 08:00 до 14:00 часот ќе останат потрошувачите на неколку локации во градот.
Без струја ќе бидат дел од улицата „Трајко Додевски Јовановски“ (Шумски пат), дел од улицата „11-ти Ноември“, просторот по мостот за населбата Бедиње, како и местото викано Карпошова Викендица.