Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За 1,5 денар по литар ќе се намалат цените на бензините од 95 и 98 октани, дизелот и Екстра лесното масло за горење, од вечерва на полноќ.
Цената на мазутот се намалува за 1,226 денари по килограм, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 77,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 79,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 72,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 71,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 44,952 (денари/килограм)
Поевтинувањата на горивата е 2,1 проценти, а со одлуката се врши соодветно прилагодување во однос на цените на светските берзи. Има и благ пад на доларот на курсните листи, што има свое влијае на цената.