×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поради судир на интереси ДУП-от на „Лидл“ повторно на седница на Совет

    04.05.2025 21:05 | KumanovoNews

     Советот на Општина Куманово утре (понеделник) повторно ќе се расправа за измена и дополна на ДУП-от каде треба да гради компанијата  „Лидл“ Македонија. 

    Поради судир на интереси ДУП-от на „Лидл“ повторно на седница на Совет

    Иако мнозинството на ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ и останатите коалициони партнери, на последната седница ја донесоа Одлуката за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „ЈНА“, ул. „2“, КП 16793, ул. „3“, КП 16369/2 – Општина Куманово, таа не е објавена во Службениот гласник на Општина Куманово, поради судир на интереси при одлучувањето.

    Имено координаторот на советничката група на ЗНАМ Дарко Митевски гласаше за одлуката во која неговиот брат е  еден од иницијаторите за пренамена на ДУП-от за парцелата на „Лидл“.

    „Сметам дека законската одлука е донесена противправно на законските прописи, бидејќи не е земена одредбата со која е утврдено дека членот на Советот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои негов роднина има финсиски или друг личен интерес. Во конкретниот случај, при гласање на одлуката на Советот Дарко Митевски учествуваше во гласањето, иако требаше да се изземе, поради тоа што неговиот брат Драган Митевски, има личен интерес да се донесе наведената одлука, бидејќи истиот е еден од двајцата иницијатори да се измени и дополни наведениот ДУП“, стои во обазложението кое е доставено до советниците.

    Опозицијата пред самото гласање укажа дека се крши законот, но мнозинството не ја прифати забелешката.

    На седницата ќе се гласа за прераспределба на средства од локалниот буџет, ќе се врши измена на статут на повеќе јавни претпријатија и други предлози од дневниот ред со 13 точки.

    Дневен ред:

    1.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „ЈНА“, ул. „2“, КП 16793, ул. „3“, КП 16369/2 – Општина Куманово;

    2.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;

    3.    Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;

    4.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

    5.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

    6.    Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2024 година со финансов извештај;

    7.    Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2025 година;

    8.    Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2024 година;

    9.    Предлог – Одлука за утврдување на работно време на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово;

    10.  Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;

    11.  Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;

    12.  Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие „Пазаришта‘‘ Куманово;

    13.  Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година.