Бензинот и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
14.08.2023 14:19
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика одлучија горивата од вечерва на полноќ да се продаваат по повисоки цени.

Цената на „еуросупер 98“ од утре ќе изнесува 88,5 денари по литар, додека на „еуросупер 95“ ќе изнесува 86,5 денари по литар. Дизелот, пак, ќе се продава по цена од 81 денар.
За 1,5 денари се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава за 80,5 денари по литар. За 0,8 денари посакапува и мазутот, и неговата нова цена ќе биде 46,6 денари.