Повозрасна кумановка повредена во центарот на Куманово
13.09.2023 19:26
| Сузана Николиќ
Седумдесет и осумгодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Борис Кидрич“.

Несреќата се случила вчера во 09.05 часот кога патничко моторно возило „шевролет“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Куманово, удрило во М.С.(78) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.