Повреден мотоциклист на ул. „Ѓорче Петров“
24.05.2025 13:37
| KumanovoNews
Мотоциклист е поврден при судир со автомобил на ул. „Ѓорче Петров“ во Куманово.

„Вчера околу 18.15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(25) од Куманово и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(30) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово“, соопшти МВР.